Инстаграм воведе новини: Еве што ќе добиеме со воведувањето на новите опции

Инстаграм воведе новини: Еве што ќе добиеме со воведувањето на новите опции

Корисниците на Инстаграм дочекаа некои новитети...

Дали и тебе можеби ти го привлекоа вниманието т.н. „белешки“ или „notes“, а не си сигурен за што точно служат?

„Notes“ е текстуална опција, што е помалку неочекувано за Инстаграм, кој инаку функционира за споделување на визуелни содржини.

Корисниците на овој начин од својот „inbox“ ќе може да објавуваат кратки текстуални содржини кои се долги до 60 знаци, а кои ќе бидат видливи само за корисниците со кои меѓусебно се следат. Корисниците ќе можат на нив да одговараат од својот „inbox“.

Од Мета (компанијата која управува со Инстаграм), наведоа дека во текот на тестирањето на корисниците откриле дека луѓето сакаат на едноставен начин да го споделат она што им е на ум. Затоа ја додале оваа опција, за на корисниците да им дадат можност спонтано да се изразат и се поврзат со другите.

Ова новина, некои луѓе ги потсети на старите статуси на Фејсбук, а има многу голем асличност и со твитовите, поради што многумина потегот на Мета го оценија како одговор на Твитер, по што таа платформа ја презеде еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск.

Но, тоа не е сѐ. Новина на Инстаграм се и „Group Profiles“, опција слична на групите на Фејсбук. Сѐ што се објавува во таквите групи е видливо само за членовите.

Како што беше порано најавувано, Инстаграм ја претстави сопствената верзија на популарната социјална мрежа BeReal, која ја нарекоа „Candid“ и која е прогласена за најдобра апликација на iPhone оваа година. Откако корисниците примаат известувања, имаат малку време за да објават стори кое мора да биде снимено со двете камери, за корисниците да покажат каде се и што прават во дадениот момент. Мометално Мета ја тестира таа опција и на Инстаграм и Фејсбук, а корисниците кои не сакаат да ја користат, едноставно може да ја деактивираат.

Некои од новите опции како „Notes“, веќе се достапни на дел од корисниците, додека останатите ќе мора да почекаат.

фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира: