Интересен метод: Мајка му викнала полиција на синот бидејќи ја попречувал наставата на училиште (ВИДЕО)

Интересен метод: Мајка му викнала полиција на синот бидејќи ја попречувал наставата на училиште (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Самохрана мајка од Америка одлучила да преземе драстични мерки кога дознала дека нејзиниот син ја попречувал наставата и не ја почитува својата наставничка...

Една самохрана мајка од Америка имала прилично интересен метод за својот син да го научи на убаво однесување и на тоа дека треба да ги почитува повозрасните. Имено, како што пишува „YourTango“, мајката Чикита Хил дознала дека нејзиниот син Шон на училиште бил прилично непристоен и дека не обрнувал внимание на наставата, а кога наставничката го предупредила, бил некултурен и кон неа.

Поради ова, Чикита прилично се загрижила за иднината на својот син, па со цел да спречи понатамошна штета, одлучила да преземе одредени мерки.

„Знаев дека морам да го шокирам“ - раскажа Чикита, која по разговорот со наставничката, ја повикала локалната полиција и им објаснила во каква ситуација се наоѓа и ги замолила за помош. Полицијата нејзината молба ја прифатила и одлучиле да ѝ помогнат.

Чикита испланирала полицијата да дојде во нејзиниот двор и лажно да го приведе нејзиниот син поради неговата тврдоглавост и непочитување кон другите во неговата училница. Но, Шон не ѝ поверувал.

„Шон не ми веруваше. Кога се појавија на врата, дури тогаш сфати“ - раскажа мајката.

Полицијата го привела Шон и го ставила во полицискиот автомобил и се трудиле сѐ да изгледа што пореално и тој да помисли дека ќе оди во затвор.

Шон седел 5 минути во автомобилот пред да го ослободат. Плачејќи истрчал во куќата, откако им се извинил на полицајците поради своето однесување и им ветил дека ќе се однесува многу подобро и на уличилиште и дома.


„Сакав на мојот син да му докажам дека вакви работи се случуваат доколку си безобразен и непристоен. Тоа се случува кога лошите луѓе прават лоши работи“ - раскажа Чикита.

Набрзо откако беше објавено ова видео, коментарите почнаа да се редат. Едни сметаат дека ова е добар метод и во него не гледаат ништо лошо, додека други сметаат дека ова би можело да влијае лошо на менталното здравје на Шон и на неговата иднина.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: