Интересна приказна: Зошто американските крофни се поинакви од останатите?
Дали некогаш сте јаделе американска крофни и дали сте се запрашале зошто има дупка во средината?
Доколку одоговорот е позитивен, не сте единствени. Верувале или не, постојат многу теории за мистериозната дупка и причината за нејзиното настанување.
Едната теорија вели дека дупката во крофната е едноставно потребна. Кога пекарите започнале да додаваат жолчки во своите рецепти, тестото станало пребогато што знајчајно го отежнувало рамномерното печење. Краевите биле крцкави и средината останувала мека, па логично решение било отстранувањето на тестото од средината.
Другата интересна теорија се однесува на Нова Англија 1850 година и бродот наречен „Elizabeth Gregory“. Елизабет на својот син му направила голема количина на пржено тесто за едно од неговите патувања, а се зборува дека капетанот Грегори токму на тоа патување ја „измислил“ крофната со дупка.
Некои историчари сметаат дека крофната била лесна за пробување, но најинтересната теорија гласи дека на капетанот Грегори му биле потребни двете раце за управување на бродот, па направил дупки во крофните за да може да ги држи на кормилото на својот брод.
Изгледа дека првата теорија, која вели дека дупката е направена за тестото рамномерно да се испржи е најблиска до вистината. Дури и капетанот Грегори во едно интервју изјавил дека дупката на крофната ја направил случајно.
Независно од тоа во која теорија верувате, веројатно ќе се сложите дека крофните се еден од највкусните пекарски производи, со дупка во средината или без неа.