Интересно истражување: Колку известувања од социјалните мрежи добивате во текот на денот?
Една професорка дојде на идеа да направи интересно истражување.
Колку известувања ти стигнуваат на мобилниот во текот на еден ден? Неколку или неколку стотици? Оваа професорка еден ден им дозволила на учениците да го остават вклучен звукот на мобилните телефони и сите заедно броеле колку известувања ќе се соберат за време на еден училишен ден.
Фотографиите од таблата на која наставничката го забележувала секое известување добиено на мобилните телефони на нејзините ученици за време на часовите се прошири на социјалните мрежи. Учениците секако за време на наставата се долго време пред мобилните телефони, а професорката ја интересираше колку известувања од социјалните мрежи им пристигнуваат за еден училишен ден. Кети Вест, проферката од Западна Вирџинија, еден ден на своите ученици им кажала да не го исклучуваат звукот на мобилните телефони и заедно за време на 6 - те поминати часови на училиште, да ги забележуваат сите известувања кои им пристигнуваат.
На крајот од денот таблата изгледала вака: вкупно имало 801 известување. Од тоа најголем број биле од пораки, дури 506, а потоа следува Snapchat - 198 известувања, Јутјуб - 33, Инстаграм - 28, игри - 16, Фејсбук - 9 известувања и Твитер и вести - по 4.
Професорката не напишала колку ученици има во класот, но доколку во еден клас во просек има по 25 ученици, тоа значи дека во тие 6 часа поминати во училиште секој ученик добил околу 30 известувања. Станува збор за известувања кои се добивале за време на наставата, не за време на одморите или пред и по училиште. Ова само покажува колку денес сите се заслепени за мобилните, бидејќи сосема е сигурно дека кога ти стигне известуваш, веднаш погледнуваш што е.