Интернетот е опседнат со косата на оваа девојка: Нејзината фризура редовно се покажува на фризерите (ФОТО+ВИДЕО)
Погледни неколку фотографии и сѐ ќе ти биде јасно...
Инфлуенсерка која се прослави со својата коса. Нејзините видеа на ТикТок станаа хит, ѝ порасна и бројот на следбеници на Инстаграм, а сето тоа затоа што има коса каква што сите сакаат. Фризурата секогаш ѝ изгледа како да се симнала од модна писта.
Моделот и инфлуенсерка Матилда Дјерф успеа да направи сите корисници на социјалните мрежи да се заљубат во нејзината коса. Би помислила дека има супер долга коса или некој сличен екстрем, но нејзината коса е само убава. И тоа секогаш. Има фризура која изгледа како да е нешто наједноставно да се направи, а кога некој ќе се обиде да ја рекреира, сфаќа дека и не е толку едноставно.
Фотографиите од нејзината коса може да се најдат и на Пинтерест како инспирација за она што и другите девојки го сакаат и да знаат што да му покажат на фризерот кога следен пат ќе отидат во неговиот салон.
„Curtain“ шишки и степенасто ишишана коса, но сето тоа е изведено со големи бранови. Фризура која изгледа како да не треба да се вложи многу труд во неа. Има волумен и супер стои. Интернетот полуде за нејзината коса, а една ТикТокерка се обиде да даде одговор зошто е тоа така.
@barefacedmedia I swear she is my intire Pinterest feed and i’m not complaining! #dysonairwrap #matildadjerf #bangs #hairtok #matildadjerfhair #djerfavenue #dysonhair original sound - Barefaced Media
Сите сакаат да знаат како може да добијат такви локни и како треба да се ишишаат за да можат да направат нешто вакво. Матилда дефинитивно стана сензација на социјалните мрежи поради својата коса и секогаш совршена фризура. Тоа ѝ отвори многу врати, а денес успешно се занимава и со моделинг.
фото: Принтскрин / Инстаграм