Интимен поглед во неговиот живот: Трејлер за Јутјуб серијата на Џастин Бибер
Џастин Бибер конечно, по долго најавување, го објави првиот трејлер за својата документарна серија „Justin Bieber: Seasons“ и обожавателите се воодушевени, јавува Seventeen.
„Како луѓе, поминуваме низ многу подеми и падови. Толку добри и лоши сезони. Некогаш сакаме и да се откажаме... Јас околу ова сум многу возбуден. Дури и малку нервозен... Овој албум е потполно поинаков поради се што ми се случи во животот“ - вели Џастин во трејлерот.
Но, освен што ќе можеме да следиме како го создава својот нов албум, во серијалот е прикажан и мал дел од љубовната приказна помеѓу него и Хејли. Прикажани се и нивните состаноци, заедничките моменти, па дури и венчавката. А, бидејќи нивната свадба е држена во тајност, обожавателите сега по првпат ќе добијат увид од нивната романтична церемонија.
„Има многу притисоци за кои мислам дека луѓето не ги гледаат. Но, можеби откако ќе го погледнат ова, ќе сфатат како свушност изгледа овој свет“ - вели Хејли.
Првата епизода од серијата излегува на 27 јануари, а нови епизоди ќе излегуваат секој понеделник и среда.
„Кога започнав, Јутјуб ми ја понуди својата платформа на која ја споделував својата музика, искуства и моменти со обожавателите. Одлично е чувството заедно со нив да се работи и тоа на оваа оригинална документарна серија“ - рече Џастин во објавата за медиумите, јавува Seventeen.