Ѕирнете во луксузната вила во која уживаат Анастасија и Гудељ на Ибица: Голем базен со поглед на море (ФОТО)
Фудбалерот за овој летен одмор наводно искеширал 35.000 евра
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ, престојуваат на Ибица каде уживаат во првиот заеднички летен одмор.
Ова патување наводно е подарок од Немања за роденденот на Анастасија, а како што пишува го чинело 35.000 евра.
Анастасија сега на социјалната мрежа Инстаграм објави видео од вилата во која ужива со своето момче. На видеото се гледа дека во рамките на луксузната вила има базен, а погледот на морето е совршен. Според оваа објава може да се заклучи дека Немања не штедел, а нема сомнеж дека уживаат во чист луксуз.
Да потсетиме, неодамна беа откриени сите детали од патувањето на Анастасија и Немања.
- Немања изнајми апартман кој е опремен како стан. Има дневна соба и спална соба, голема бања, градина и базен. Само за сместување платил околу 20.000 евра! Сакаше на Анастасија да ѝ подари одмор од соништата и успеа во тоа - изјави неодамна извор близок до пејачката.
Извор: telegraf.rs