Искрите траат долго: Камила откри кога почнал да и се допаѓа Шон
Камила Кабејо и Шон Мендес се во сериозна врска уште од минатата година, но искрите помеѓу нив постојат многу повеќе. Барем така тврди Камила, јавува Seventeen.
„За време на снимањето 'I Know What You Did Last Summer' Шон почна да ми се допаѓа и тоа не само како пријател. Мислам дека и јас му се допаднав на него, но двајцата бевме многу млади и тој беше под притисок поради кариерата. Мислам дека не знаевме што да правиме со тие чувства. Малку беше чудно што имавме симпатии еден кон друг, но не бевме заедно“ - раскажа Камила.
„Беше чудно. Енергијата беше присутна од почетокот, но по таа песна долго се немавме видено. Нашите патишта не се споија додека не почнавме повторно да се дружиме и допушуваме. Мене тоа ми ги врати чувствата“ - заклучи таа.
Значи, тоа значи дека симпатиите помеѓу нив биле уште од 2015 година.
Замислете некој да ви се допаѓа толку долго, а на крајот да бидете заедно.