Исплива доказ кој покажува во какви односи се Анастасија и Ѓорѓе по разделбата: Ова никој не го очекуваше

Исплива доказ кој покажува во какви односи се Анастасија и Ѓорѓе по разделбата: Ова никој не го очекуваше

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ стави крај на петгодишната врска со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ.

Анастасија и Ѓорѓе започнаа заеднички живот во октомври 2021 година, но сега ставија крај на нивната романса. Наследничката на Цеца на социјалните мрежи не го коментираше крајот на својата врска, но еден детаљ откри во какви односи останала со поранешното момче.

Имено, она што се гледа на Инстаграм е дека Анастасија и понатаму го следи Ѓорѓе, но и тој неа. Тоа само потврдува дека двојката се има разделено во пријателски односи, со оглед на тоа што скоро сите двојки од јавната сцена по разделбата се „отследуваат“ еден со друг од социјалните мрежи.

За потсетување, разделбата е заеднички договор помеѓу Анастасија и нејзиното момче, а бидејќи во оваа приказна не постојат трети личности, тие се разделиле пријателски. По овој повод, Анастасија нема да дава други изјави за јавноста.

Како што дознава „Курир“ од извори блиски до поранешната двојка, во дуплексот на Дорќол, каде што од октомври живееја заедно, од сега ќе живее само Ѓорѓе, а Анастасија се пресели кај мајка ѝ Цеца Ражнатовиќ.

Да потсетиме, тие за станот од 200 квадрати на Дорќол платија 750.000 евра


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: