Исплива стара фотографија од Кајли Џенер како средношколка: Во коментари ѝ пишуваат - „Изгледаш како тетка“
Фотографијата која е направена пред 8 години, сега ја направи Кајли мета на провокаторите...
Некој созрева порано, некој покасно. Некој уште на 17 години може да изгледа многу повозрасно и посериозно во однос на своите реални години, а во таа група, очигледно се вбројува и Кајли Џенер.
Пред неколку дена една корисничка на Твитер објави фотографија стара 8 години, на која насмеана позира со Кајли. Девојката под корисничкото име @yungxbai тогаш наполнила 16 години, а Кајли била матурантка, само една година постара од неа.
„Ова беше во Детската болница во Лос Анџелес во 2014 година. Мојот училишен клуб и јас организиравме добротворна акција за децата заболени од рак, а тогаш дојдоа Кајли и Тајга да посетат некои од нашите пациенти“ - кажа Бејли за „BuzzFeed“.
whenever people talk about them being a late bloomer i just think about how kylie and i were 1 grade apart in this pic pic.twitter.com/9yRF6oWK2S
— (@yungxbai) November 16, 2022
„Една година разлика? Таа изгледа како богата тетка“ - напиша еден корисник на Твитер, алудирајќи на Кајли, која на оваа фотографија изгледа значително повозрасно во однос на девојката која е само една година помлада од неа.
One year? She looked like a rich auntie pic.twitter.com/oKA8uBBP8j
— brando uchiha (@imhighkeycool) November 17, 2022
Кајли во последно време е мета на коментаторите на социјалните мрежи. Не е тајна дека досега на себе имала различни естетски корекции, а поради кои ја прозиваат дека изгледа многу повозрасно од тоа што навистина е.
Неодамна за „Baby2Baby“ гала вечерата, Кајли позираше покрај својата сестра Ким, а во коментари на социјалните мрежи сите се шегуваа дека изгледа многу повозрасно во однос на својата 17 години постара сестра.
фото: Принтскрин / Инстаграм