ИСПЛИВА ВИСТИНАТА ЗА ОДНОСОТ НА АНАСТАСИЈА И ЃОРЃЕ: Соседите ги среќаваат секој ден, а еве што открија за нив
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ заедно со своето момче Ѓорѓе Куљиќ купиле стан во Дорчол, а двајцата неодамна се вселиле, а сега нејзините соседи ја опишале нејзината врска со другите станари, но и како се однесува.
„Овде живеат претежно млади луѓе и сите си ја гледаат својата грижа. Не им е баш гајле кој е режисер, пејач или актер. Мислам дека тоа им се допаѓа на јавните личности, па брзаат да живеат тука за да имаат свој мир. Ја видов Анастасија неколку пати додека одеше во продавница и бев пријатно изненадена“, рече соседтка и продолжила:
„Искрено, мислев дека е вообразена затоа што мајка и е позната, а сега и таа се занимава со јавни работи, но ме разубеди. Прва ме поздрави во ходникот иако не се познаваме лично. Беше без шминка и во тренерки и носеше ѓубре. Ја видов пред неколку недели кога отиде со другарките да купи работи за дома, тие и помогнаа, носеа многу кеси и даска за пеглање“.
Истата сосетка додава дека уште еднаш имала можност да ја види во домашно издание: „Еден ден излезе да ја земе пратката во домашни влечки“.
Еден млад човек кој живее во близина на дуплексот на Анастасија во Дорчол кажува каков е Ѓорѓе.
"Нејзиниот дечко е опасен бизнисмен, тој постојано е на мобилен телефон, зборува, склучува договори. Кога и да го видам е во некоја акција, секогаш е добро облечен. Никогаш не сум го видел во тренерки, секогаш е во кошула, без разлика дали се работи за фармерки или панталони. Мислам дека се одличен пар, таа е секогаш насмеана, често се шетаат навечер“.
Добро мислење за Анастасија имаат и продавачките од блискиот дуќан.
"Таа често доаѓа кај нас, купува намирници и не само готови производи туку и основни состојки, се гледа како готви нешто. Здраво се храни, не купува слатки, додека нејзиното момче сака да купува чоколади. Ако ја прашаме нешто, одговара таа. Ние и велиме да ја поздрави со Цеца, таа ни се заблагодарува. Па странци влегуваат овде и не знаат да кажат добар ден, а таа не глуми ѕвезда“.