Испливаа детали за односот: Дали Кендал Џенер и Хари Стајлс ја обновија врската?
Откако таа раскина со кошаркарот, а тој со актерката, шпекилациите почнаа да се шират...
Откако се дозна дека Хари Стајлс, по разделбата со Оливија Вајлд, почна да се зборува дека најголема поддршка добива од поранешната девојка Кендал Џенер, за која велат дека и таа ја прекинала својата врска за да бдие со него. За потсетување, манекенката неодамна раскина со Девин Букер.
Поради деловните обврски, убавицата и кошаркарот сепак решија да стават крај на својата љубов, која уште летово ја прекинаа, бидејќи не успеваа да си посветат внимание еден на друг.
Од друга страна, уште не е познато зошто Оливија и Хари решиле да стават крај, но познато дека е дека на актерката ѝ е неверојатно тешко.
Сепак, според зборовите на инсандери за странските медиуми, Кендал и Хари се смириле. Тие само го одржуваат добариот пријателски однос кој успеале да го остварат по нивната врска.
„Тие се само добри пријатели! Така е уште откако ја прекинаа романсата. Се гледаа од време на време, па и кога беа во врски. Но, ништо повеќе од другарство не се случува. Најчесто се среќаваат на големите собири на познатите“ - објаснува изворот, пишува „E! News“.
За потсетување, Џенер и Стајлс беа во врска помеѓу 2013 и 2019 година. Пред 3 години, во емисијата на Елен Деџенерис, Хари раскажа и самиот посочи дека „таа романса одамна е завршена“.
„Да, веќе некое време сме само пријатели“ - кажа тој тогаш, додека за новите наводи уште се нема огласено, исто како што се нема огласено ниту Кендал.
* Принтскрин / Инстаграм