Исповед на најубавата жена на светот: Од 14 години секој ден чувствувам најмалку 10 од овие симптоми

Исповед на најубавата жена на светот: Од 14 години секој ден чувствувам најмалку 10 од овие симптоми

Објавена во: Живот // Живот

Манекенката Бела Хадид си ја отвори душата и зборуваше за својата борба против Лајмската болест која трае веќе 8 години. Таа се обрати на својот Инстаграм профил и ги наведе непријатните симптоми кои ги чувствува.

Имено, таа објави листа со симптомите, а покажа со кои се соочила. Помеѓу останатото, тука е главоболката, губење на свеста, уморот, анксиозноста, промени во расположението, потешкотии со дишењето, несоница, нерегуларно отчукување на срцето, конфузија,  чувствителност на светлина и бучава, дисфункција на тероидната жлезда, болка во абдоменот, мачнини, кандида, потешкотии со вежбањето, воспаление на телото, болка во зглобовите, промена на телесната температура, како и необјасниво потење. 

„Невидлива болест... Секој ден чувствувам барем 10 од овие симптоми... Од својата 14 - та година, а поагресивно започна кога наполнив 18 години“ - напиша манекенката.

Пред, околу 5 години Бела за „Evening Standard“ првпат зборуваше за потешкотиите кои и ги донела Лајмската болест.

„Влијаеше на моето помнење, што некогаш се случуваше да не знам да си одам дома од Санта Моника до Малибу. Не можев да возам. Бев премногу болна. Морав да го продадам коњот, бидејќи не можев да се грижам за него“ - своевремено кажа Бела.

Погледнете ја обајвата на Бела Хадид:

Инаку, и Џастин Бибер призна дека се бори со Лајмската болест.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: