Иста како мајка ѝ од младоста: Ова е ќерката на Кетрин Зита Џоунс и Мајкл Даглас

Иста како мајка ѝ од младоста: Ова е ќерката на Кетрин Зита Џоунс и Мајкл Даглас

Објавена во: Совети // Семејство

Сите зборуваат дека Карис секој ден сѐ повеќе личи на мајка ѝ...

Навидум обична девојка, но само тоа не е! Убавата Карис Зита Даглас денес има 18 години, а нејзините презимиња веднаш говорат дека станува збор за ќерката на актерската двојка Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас.

Оваа девојка многумина воодушеви со својата убавина и стил, а често може да се прочитаат коментари дека секој ден сѐ повеќе личи на мајка ѝ Кетрин.

Мајкл и Кетрин, освен Карис, го имаат и две години постариот син Дилан.

Карис Зита Даглас е родена во април, 2003 година. Интересно е дека Кетрин била бремена со Карис додека го снимала филмот „Чикаго“, кој беше награден со Оскар.

Карис средното образование го заврши оваа година, а често има заеднички ангажмани со нејзината мајка. Тие две заедно беа дел од една модна кампања во Рим, а сите се сложија со тоа дека Карис навистина потсетува на Кетрин од деновите во младоста.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: