Истовремено ти се допаѓаат две момчиња: Како да знаеш кој е вистинскиот избор за тебе?
Ова е ситуација во која никој не сака да се најде. Со месеци никој не ти се допаѓа, а потоа одеднаш од некаде ќе се појават две супер момчиња кои ти се допаѓаат.
Прашањето е како сега да се одлучите? Со двајцата не можете да бидете тоа е факт, но како да се одлучите за едниот и да бидете сигурни дека токму тој е вистинскиот?
Една од најлошите ситуации во својот љуовен живот во која можете да се најдете е кога истовремено ви се допаѓаат две момчиња и тоа еднакво исто.
Сепак, постојат неколку работи кои треба да ги земете предвид пред да ја донесете вистинската одлука и тоа:
# Потребно е да размислите какви квалитети има секој од нив пред да одлучите.
# Многу е важно прецизно да откриете како се чувствувате вие кога сте со нив, односно во чие друштво се чувствувате покомфортно.
# Ставете ги на вага и нивните негативни страни и размислете со каков човек никогаш не би сакале да бидете во врска.
# Слушајте го своето срце, тоа никогаш не лаже.
# Разговарајте и со двајца, увидете со кого имате послични работи и мудро одлучете.
# Не барајте вашите пријателки да одлучуваат наместо вас. Иако се наоѓате во несекојдневна и тешка ситуација, сепак одлуката морате да ја донесете сами.