Ива Стојческа: #МиНедостасува животниот начин стар
14 - годишната Ива Стојческа од Тетово, која е ученик во ОУ „Кирил и Методиј“ го прифати предизвикот на Хаштаг. Таа одбра во стихови да ни покаже што е она што и недостасува во деновите на социјална изолација.
Ми недостасува
Дојде време мачно,
по малку и мачно.
Живееме во еден поинаков свет,
каде што се измени сиот ред.
Ми недостига слободата
како што птиците не можат
без небесната шир,
слободата, за вдуша да всадам мир.
Ми недостасува бучавата
затоа што гласот на тишината
големо влијание ни врши,
и можно е нашето ментално
здравје да го скрши.
Ми недостасуваат убавините
на природата мила,
неможам да ја видам
затоа што некоја виша сила,
сака од нас да ја одземе да ја скрие,
сака во заборав да ни ја свие.
Сега живееме во едно место
каде што во допир со другите
несмееме да бидеме често.
Прегрнувањата и бакнежите се оружје смело,
кои му се закануваат на човештвото цело.
Ми недостасува животниот начин стар,
и се да си дојде на свое место,
да си го најде својот пар.
Ана Марија од Прилеп: #МиНедостасува училиштето, наставникот и другарчињата