Иван Иванов го крсти првородениот син по својот татко: Му го подновија името на Ѓорѓе Иванов (ФОТО)
На среќата ѝ нема крај...
На 4 април, Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов доби син. Новопечениот татко радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.
Јана, избраничката на Иван на свет го донесе првиот внук на поранешниот претседал, кој подоцна на социјалните мрежи се откри дека ќе го носи името на својот дедо.
„За многу години денови! Да е жив и здрав Ѓорѓи Иванов Јуниор“ - стоеше на фотографијата направена за време на прославата по повод раѓањето на наследникот на Иванови.
Инаку, Иван и неговата избраничка Јана во февруари оваа година стапија во брак, а за овој чин јавноста дозна преку социјалните медиуми. За венчавката, Јана не носеше класична венчаница, туку фустан во нежно розова боја.
„Во ова невино време што измина, мене во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време, што некако си се надолнивме. Си знаев дека тоа е тоа, не од првиот ден, но од почетоците кога ја започнувавме нашата врска, знаев дека тоа ќе биде тоа.“ - вака зборуваше Иван за врската со Јана во октомври минатата година, кога ѝ ја побара за жена својата избраничка.
фото: Принтскрин / Инстаграм