Уште на почетокот на нашата врска знаев дека тоа ќе биде тоа: Се вери синот на Ѓорге Иванов

Уште на почетокот на нашата врска знаев дека тоа ќе биде тоа: Се вери синот на Ѓорге Иванов

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и Маја е момче кое успешно на повеќе полиња. Имено, тој студираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“, отсек политички науки, воедно на јавноста ѝ е познат и како љубител на добрата рок музика. Свири гитара, а пред неколку години и се појави во улогата на диџеј.

Покрај ова, Иван неодамна ја издаде и својата збирка поезија „Невино време“, а сега за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека се верил и дека наскоро ќе застане на „лудиот камен“.

„Во ова невино време што измина, мене во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време, што некако си се надолнивме. Си знаев дека тоа е тоа, не од првиот ден, но од почетоците кога ја започнувавме нашата врска, знаев дека тоа ќе биде тоа.“ - откри Иван.

Освен ова, Иван откри и со што го освоила неговата сакана, а истото може да го слушнете во видеото во продолжение:


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: