Ивана Николиќ без грам шминка: Вистинското лице на „Ураганката“ направи бум на Инстаграм

Ивана Николиќ без грам шминка: Вистинското лице на „Ураганката“ направи бум на Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Убавата „Ураганка“ Ивана Николиќ, сподели фотографија на која е без шминка и ги воодушеви следбениците на Инстаграм...

За Ивана Бум Николиќ многумина тврдат дека е најатрактивната „Ураганка“.

И навистина, убавата русокоса ретко кого остава рамнодушен, а се сеќаваме дека пред неколку месеци по неа „полуде“ и светската ѕвезда, раперот Фло-Рида.

Неодамна се пишуваше за нејзиниот премин од клубот на русокоси во оној на бринети, но изгледа дека Ивана сепак ѝ остана верна на светлата коса, на среќа на нејзините обожаватели.

Меѓутоа, сега имавме можност да ја видиме и во потполно поинакво издание, а следбениците не можеа да го сокријат воодушевувањето.

Имено, иако е неминовно дека сите три „Ураганки“ се убави девојки, досега Ивана не можевме да ја видиме без шмиинка. Сега ги воодушеви сите кога сподели неколку фотографии на кои е потполно природна, без пудра и темни сенки и покажа како изгледа во опуштено издание.

Иако е евидентно дека сепак имала надградени трепки, Ивана навистина изгледа свежо и атрактивно, а следбениците ѝ порачаа дека дефинитивно е најубавата „Ураганка“, но и дека треба често да се фотографира вака.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: