Избриши го бројот од моето момче: Две девојки се степаа во автобус, возачот едвај ги раздели
Цел регион не престанува да зборува за нив...
Две девојки станаа главна тема во цел регион откако на социјалните мрежи се појави видео од нивната пресметка во автобус. Летаа секакви зборови, но и удари и сето тоа поради едно момче.
Нешто волку лудо одамна немаме видео. Иако во автобусите секогаш може да се видат разни работи, ретко кога се случува вистинска пресметка, помеѓу две девојки, поради момче. Тоа звучи како нешто што се гледа само на филмовите, особено кога ќе се сетиш на оние вистински „женски“ тепачки, влечење за коса, гребење и слично. Двете млади девојки во линијата 23 во Белград станаа сензација откако прво започнале да се караат поради момче, а потоа и навистина да почнат да се тепаат. Не се знае кое е момчето, но сигурно е некој добар и згоден.
Едната упорно викала „Избриши го бројот на моето момчето“, а потоа и започнала пресметката, пишува Телеграф.рс. Целата ситуација и пресметка може да ја погледнеш во продолжение: