Изел палачинка и починал: Она што му се случи на овој тинејџер е ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за сите родители!
Фото: HLN / youtube
Постојат многу намирници и различни супстанци на кои некој може да биде алергичен, а некои алергии можат да бидат многу опасни.
Чувствителноста на полен кај повеќето луѓе се јавува само во блага форма, додека мирисот на путер од кикирики други може да ги испрати во болница.
Скот Џонсон, 16-годишен тинејџер од Минесота, имал тешка алергија на млеко, но сепак ги убедил родителите да го однесат во локален ресторан.
Она што му се случи на Скот е навистина трагично, но може да послужи како предупредување: ако вашата алергија е силна, можеби е најдобро целосно да ги избегнувате рестораните. Имено, Скот починал откако изел две палачинки.
Ако ризикувате и јадете надвор, знајте дека никогаш не можете да бидете доволно внимателни, дури и ако му кажете на персоналот колку е сериозна вашата алергија, но никогаш не заборавајте да имате со себе „EpiPen“, со раствор за итно вбризгување при анафилактичен шок и други алергиски реакции пренесува српски „Курир“.
Извор: zena.blic.rs