Изгледа како лик од Хари Потер и стана ѕвезда на Инстаграм: Мачката Мидас е родена со два пара уши, луѓето се фасцинирани

Изгледа како лик од Хари Потер и стана ѕвезда на Инстаграм: Мачката Мидас е родена со два пара уши, луѓето се фасцинирани

Објавена во: Совети // Семејство

Мачката по име Мидас е родена со уште еден пар уши на главата...

Се верува дека овој необичен феномен е резултат на рецесивна мутација во гените на нејзините родители.

Поголемиот број црни мачки обично наидуваат на разни предрасуди кога треба да се вдомат, па најчесто долго чекаат за дом полн со љубов.

Но, не и Мидас, бидејќи сопственичката Кемре ја земала во прегратка, веднаш се спријателиле и Кемре ѝ дала топол дом засекогаш. 

„Дополнителните уши немата влијание на нејзиното однесување. Мидас се однесува како нормална разиграна мачка. И слухот ѝ е сосема нормален“ - кажа Кемре за странските медиуми.

Додаде дека се надева дека интересот за Мидас ќе помогне за да се промени перспективата, така што повеќе луѓе ќе почнат да размислуваат за посвојување на животни.

Има многу мачки и други животно во сите облици и големи, кои исто така бараат дом полн со љубов.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: