Изгледа како милион долари, а носи парчиња и од 350 денари: Најевтините стајлинзи на Јелена Карлеуша

Изгледа како милион долари, а носи парчиња и од 350 денари: Најевтините стајлинзи на Јелена Карлеуша

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Јелена Карлеуша со право се смета за кралица на стилот, а нејзините модни изданија никогаш не остануваат незабележани. Иако важи за пејачка со најскапа облека, Јелена повеќе пати истакнува дека најважна е вештината да се вклопат одредени парчиња облека и додатоци, а не цената на истите.

Јелена сигурно има многу брендирани парчиња облека, но има и такви работи што секоја девојка може да си ги дозволи, а изгледаат како милион долари.

На последното снимање на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, таа се појави во змиски фустан, а стајлингот го заврши со заштитна маска во истиот дезен. Комбинацијата што ја воодушеви јавноста не чинеше стотици евра, згора на тоа, фустанот чинеше само 3.600 динари, додека маската чинеше само 670 динари.

На својот профил на Инстаграм, Јелена често објавува фотографии во разни модни комбинации, а покрај ексцентричните и сценските изданија, пејачката покажува и како изгледа во секојдневното издание. Така, таа ги воодушеви обожавателите со беж комбинација на кратки хеланки и кроп топ во иста боја, за што има издвоено вкупно 4.480 динари.

Белата комбинација на панталони и блуза со гол грб изгледаше како да го купила во најскапиот бутик во Милано, но вештата Јелена за оваа комбинациа искомбинира парчиња што го направиле изгледот скап, иако за истите панталони и блуза не платила ниту 40 евра. Цената на панталоните е 2.950 динари, додека блузата чини 2.000 динари.

Јелена на едно од снимањата на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, каде што секогаш се појавува во импресивно издание, дојде во модерно издание, а на себе имаше црни хеланки, кроп топ и инетересен дуксер. Целата комбинација е бренд на добро позната трговска марка, а цената на дуксерот е 2.000 динари, додека хеланки и топчето чинат по 1.500 динари.

Дека не е сè во парите, Јелена покажа кога облече тесен бел фустан на роденденската забава на своите ќерки Ника и Атина во 2019 година, што чини, верувале или не, 5000 динари. Комбинацијата ја заврши со голем, сребрен ѓердан и провидни чевли.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: