Изгледа комплицирано, но не е: Плетенка за девојки со долга коса и деновите кога сакаат да изгледаат посебно (ВИДЕО)
Фризура која има 21 милион прегледи...
На девојките со долга коса не им е секогаш наједноставно да направат фризура, бидејќи често косата им е предолга. Така излегува дека најчесто носат плетенка и коњско опавче, опции кои сите знаат да ги направат и кои им стојат на сите, но зошто да не се направи една таква фризура на малку поинаков начин?
Некогаш вреди да почнеш да се подготвуваш малку порано и да се обидеш да направиш некоја поинаква фризура. Овој пат инспирација за фризура ни е Рапанзел, принцезата на Дизни. Иако нејзината коса е многу долга, а твојата сигурно е пократка, секако ќе можеш да ја направиш оваа фризура и ќе изгледа одлично.
Сепак, не е за девојки со коса до рамена или средината на грбот, за оваа фризура е потребна подолга коса. Станува збор за плетенка, направена од плетенки! Видеото го погледнаа многу девојки, кои би сакале да имаат ваква фризура на главата.
@samirasjewelry My favorite princess - Rapunzel inspired braid on @trinitycharlton . Styled with @sexyhairofficial “Powder Play Lite “ for volume , “Re-Dew “ for taming flyaways. Both are available at @saloncentric #sexyhairpartner #saloncentricpartner #samirasjewelry #rapunzel #rapunzelhair #rapunzelbraid #tangled #disney #disneymovie #disneyprincess #princesshair #naplesfl #hairtutorial #hairtok #halloween #halloween2022 #hairtransformation #hairinspo Kingdom Dance - From "Tangled"/Score - Alan Menken
Кога ќе погледнеш за првпат, ќе ти изгледа како нешто комплицирано, но всушност воопшто не е тешко да се направи ова. Сопри го видеото по секој чекор и ќе видиш дека станува збор за неколку плетенки со различна дебелина, кои треба меѓусебно да се испреплетат.
Ќе ти требаат многу ластичиња за коса, надобри се оние проѕирните и тенки што скоро па и не се гледаат, како и лак за коса - и тоа е тоа. Со ваква фризура ќе се чувствуваш екстра и сигурно ќе собереш многу погледи. Изгледа убаво и кога во косата ќе се додаде цвеќе, но и без него. Сепак, ако имаш некои шноли со цвеќиња, можеш да ги додадеш и да имаш цел ефект Рапанзел фризура.
фото: Принтскрин / ТикТок