Изгледот на ќерка ѝ често е мета на критики: Џеј Ло за првпат за тоа како популарноста влијае на нејзините деца
Скоро секојдневно, на социјалните мрежи може да се видат негативни коментари за децата, а особено за ќерката на латино дивата, на кои Џеј Ло не им придава големо значење...
Покрај тоа што е пејачка, танчерка, дизајнерка, суперѕвезда и девојка на актерот Бен Афлек, Џенифер Лопез е, како што често истакнува, на прво место мајка. Таа со својот поранешен сопруг и латино ѕвезда Марк Ентони, ги доби близнаците Ема и Макс, кои неодамна со мајка им се преселија во Лос Анџелес, за таа да биде поблиску до Бен, откако ја обновија љубовната врска.
Овие тинејџери со задоволство поминуваат време со мајка им, а Ема особено ужива во шопингот со Џеј Ло, иако таа и мајка ѝ немаат ист вкус.
Имено, Ема го преферира спортскиот стил, а поради својот автентичен изглед често е мета на негативните коментари на социјалните мрежи, иако во прашање е дете од само 13 години. Инаку, Ема се облекува многу лежерно и обично носи широки панталони и оверсајз кошули и патики. Неодамна дел од косата офарба во зелена боја, со што привлече многу внимание. Покрај тоа што е само дете, таа често со соочува со шокантни коментари - „Личи на татко ѝ, сирото девојче“, „Она кога тие Џеј Ло мајка, а ти изгледа вака“, „Дури и Марк Ентони е поубав од неа“...
Како што истакна сега пејачката за време на гостувањето во емисијата на познатиот Џими Фалон, ѝ недостасуваат деновите кога своите деца ги држела во раце, бидејќи тие денес се тинејџери во потрага по својот идентитет. Таа објаснува дека нејзините деца не можат да го живеат нејзиниот живот и по нејзините правила, туку мора да го прават она што им одговара и годи.
„Мораат да се пронајдат самите себе и да се оградат од својата позната мајка, да велат: тоа е мој живот, јас имам сопствен идентитет. Јас сум тоа што сум, вака размислувам за светот, ова е она што јас го мислам“ - кажа пејачката.
Покрај тоа, Џеј Ло инсистира на приватноста на своите деца, толку колку што е можно, бидејќи папараците ѝ се секогаш зад петици, па така многу ретко објавува фотографии од нив. Нејзината ќерка Ема, инаку е девојче какво што во Холивуд ретко се среќава: иако има само 13 години, веќе има напишано една детска книга и работи на другата, а кога во 2020 година настапи на „Супербол“ со Џенифер и ја изведе нејзината песна „If Ain't Got You“ многумина коментираа дкеа за пенсата е поталентирана дури и од мајка ѝ, а ја пофалија и големите музички ѕвезди како Алиша Кис.
фото: Принтскрин