Излегувањето од карантин Кортни Кардашијан го прослави со топлес: Беше непослушна додека беше „затворена“
Американската ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан на социјалните мрежи објави нови фотографии на кои откри дека последните 10 дена ги поминала во карантин.
Имено, Кортни објави фотографии на кои позира во огледало и тоа само по бањарка под која не носи долна облека, а зад неа стои нејзиното момче, тапанарот Тревис Баркер.
Кортни сакаше да покаже што правеле таа и нејзиното семејство за време на изолацијата, па можете да видите дека ја скратила косата, дека гледала филмови, уживала во својот двор, но најмногу внимание привлече тоа што позирала топлес.
„Десет дена карантин“ - напиша таа во описот на објавата, а нејзиното момче веднаш ѝ одговори: „Десет дена со тебе“.
Кортни на оваа објава има повеќе од 2 милиони лајкови, додека на споменатата социјална мрежа ја следат 135 милиони луѓе.