Измамена девојка од момчето добива по 250 долари неделно: Ми плаќа сè со надеж дека ќе се смириме

Измамена девојка од момчето добива по 250 долари неделно: Ми плаќа сè со надеж дека ќе се смириме

Објавена во: Живот // Живот

Нејзината приказна привлече големо внимание на социјалните мрежи...

Хејли Пирс (20) од Америка одлучи на оригинален начин да му се одмазди на момчето што ја изневерило. Имено, Хејли била во среќна љубовна врска две години, а потоа еден ден нашла пораките кои нејзиното тогашно момче ги разменувало со други девојки.

Хејли тогаш одлучила да ја прекине врската и го блокирала својот партнер на сите социјални мрежи, а не му одговарала ниту на пораките и повиците. Оваа девојка објави видеа на социјалната мрежа ТикТок во кои детално ја раскажа целата приказна.

„Кога му кажав дека е крај меѓу нас, тој полуде. Воопшто не ми беше жал за него. Тој повторно се обиде да ме изманипулира и сега, претпоставувам, сите што мислат дека е добро момче, го видоа неговото вистинско лице“ - кажа оваа девојка.

Меѓутоа, нејзиното поранешно момче не сакало толку лесно да се откаже од врската, па одлучил да ѝ ги понуди сите пари кои ги има.

„Неколку дена по првиот повик, тој одлучи повторно да ми се јави. Посочи дека ќе ми ги даде сите пари, само за да се согласам да го видам и да му дадам втора шанса“ - откри таа.

Хејли одлучила да го услови и да му побара 250 евра за едно гледање.

„Зошто да не ја искористам таа можност? Му понудив да ми дава по 250 евра секој пат кога сака да ме види, и на мое изненадување, тој се согласи. Разговараме и се гледаме еднаш неделно, а тој ми носи или уплаќа пари на сметка секој пат“ - објасни Хејли.

Корисниците на социјалната мрежа ја критикуваа и нагласија дека таквото однесување е погрешно и дека не е должен да ѝ плаќа за тоа.

„Искрено, моментално сум без вистински извор на приход и го користам поранешното момче за да ми купува храна. Тоа не е сè, пред неколку дена ме одведе во трговскиот центар и таму потроши уште 300 евра. Сега ми плаќа за секој оброк и се обидува да се смири со мене. Сепак, јас му реков дека во моментот кога нема да ми треба повеќе, завршив со него засекогаш“ - заклучи Пирс.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: