Изненади го момчето: 15 слатки идеи кои можеш лесно да ги реализираш
Ништо не е комплицирано и немозможно да се изведе и нема да те банкротира.
Малиот гест значи многу повеќе од скапите подароци. Со овие ситници можеш да го изненадиш своето момче или девојка и да му покажеш колку ти значи. Истите ќе го поттикнат уште повеќе да се заљуби во тебе.
# Испрати му порака за поддршка пред некој важен тест или испрашување.
# Пречекај го/ја пред училиште.
# Направи му/и чај кога е болен/болна.
# Напиши на хартија слатка порака и кога не те гледа стави му/и ја во џеб.
# Кога ќе одиш на себе да си купиш вода или чоколадо, купи и за него/неа.
# Одведи го/ја на местото каде што првпат се бакнавте.
# Направи појадок.
# Без причина испрати му емоџи срце.
# Изрезбај ги вашите иницијали на клупа во парк.
# Дај му/и комплимент.
# Направи му/и плејлиста која ќе го/ја потсети на тебе.
# Помогни му со задачите или со учењето.
# Испрати го/ја до дома.
# Огледај со него/неа некој натпревар или натпреварување кое тој/таа го следи.