Изненади ја симпатијата: 15 пораки со кои ќе откриеш дека некој ти е во мислите
Доколку заведувањето не ти е силна страна, ова се пораките кои ќе може да ти помогнат да ја воодушевиш симпатијата.
Некогаш нешто сакаш да кажеш, но едноставно не знаеш како тоа убаво да го склопиш и да ја воодушевиш личност со која е допишуваш. За такви ситуции, некогаш е сосема во ред да испратиш некоја однапред смислена порака.
Искористи некои од овие 15 предлози! Некои на твојата симпатија ќе и бидат романтични, други пресмешно, но како и да е - сигурно ќе изреагира, бидејќи на ваквите пораки никој не може да остане рамнодушен.
# Само што сакав да то кажам... не можев да престанам да мислам на тебе откако се видовме.
# Го преслушав (вметни имена песна/албум/изведувач) за кој ми зборуваше и навистина е супер!
# Денес на Јутјуб ми се појави песна која дефинитивно ме потсетува на тебе.
# Океј, време е за исповед: едвај чекам да те видам!
# Морам нешто да ти кажам, се надевам дека не е „too much“... едноставно не можам да престанам да мислам на тебе.
# Вчера изгледаше прекрасно! И да, се уште мислам на тебе и на тој ден.
# Вчерашната вечер засекогаш ќе ми остане во сеќавање!
# Те сонував минатата вечер, во случај да се прашуваш колку често си ми во мислите.
# Погоди кој конечно ја изгледа (вметни го името на филмот или серијата)? Се сеќавам дека рече колку ти се допадна и морав да фрлам око... Навистина е супер!
# Малку размислував за нашиот раговор за (вметни ја темата) и...
# Прашање... Се уморуваш ли некогаш од толку шетање низ моите мисли?
# Пронајдов нов супер (кафуле, пицерија, слаткарница, ресторан) и мислам дека и тебе ќе те воодушеви. Сакаш ли да одиш со мене таму?
# Знам дека не сме се виделе само неколку дена, но едвај чекам повторно да те видам.
# Не можам да заспијам и тоа е твоја вина! Не можам да престанам да мислам на тебе...
# И како сега да учам за утрешниот тест, кога цело време само ти си ми во глава? Навистина ти благодарам.