Изненадувања и неодоливи намалувања овој петок во Superdry!
Во пресрет на пролетта, совршено време е да се подготвиме за сите оние авантури кои изминатиот период останаа планирани само во нашиот нотес, чекајќи го вистинскиот момент да се остварат.
Со реализирање на плановите за супер пролет почнуваме овој петок и тоа во продавницата на вашиот омилен бренд Superdry во трговскиот центар Сити Мол, каде ве очекуваат неодоливи изненадувања, кул намалувања и фантастична „афтерворк“ забава со супер диџеј.
Оставајќи ги зад себе сите оние топли парчиња во кои ги направивме сите зимски фотографии, Superdry ви ја претставува новата колекција во која ќе ги најдете сите соодветни работи за правење на пролетните спомени, а во шопинг на истата ќе имате можност да уживате веќе од оваа недела.
Уживајќи во кул звуците на супер музиката што ја одбравме само за вас, купете си ги омилените парчиња од новата колекција и добијте намалување од -20% и подарок маичка за неодоливи комбинации цела пролет.
Почнувајќи од спортски тенки јакни, па сè до топли дуксери за најубавите вечерни пролетни прошетки, брендот уште еднаш нѝ носи одлична колекција сосема навреме за уживање во новата сезона.
Целосно посветувајќи им внимание на соодветните материјали за целосно препуштање во сите нови авантури, во продавницата на Superdry ќе најдете и топли елечиња, патики и маички на куси ракави кои дефинитивно се едни од најстилските досега.
Првите пролетни трендови донесоа исклучителна палета на бои во кои ќе уживаме целата сезона, па токму тие се пресликани во новата колекција на брендот, а особено истакнати во неодоливо памучните маички на куси ракави за вистинско уживање.
Како и секогаш, така и овојпат, тука се и вистинските класици на брендот, како „old school“ дуксерите со натписи и волуменозните маички, па не двоумете се и не пропуштајте ја и оваа сезона за да си набавите шик парче што ќе се истакне во вашите комбинации.
Крајот на неделата е и повеќе од соодветен за шопинг, па не двоумете се и дојдете да се дружиме во продавницата на брендот!
* ПР - објава