Извинете поради прекинот: Се огласи и Цукерберг по најдолгиот пад на Фејсбук

Извинете поради прекинот: Се огласи и Цукерберг по најдолгиот пад на Фејсбук

Извинување пристигна и од WhatsApp...

По повеќечасовниот прекин на работа на најпопуларните социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp, услугите на платформите повторно проработија точно на полноќ, а шефот на компанијата Марк Џукерберг се извини поради тоа.

„Фејсбук, Инстаграм, WhatsApp и Месинџер се враќаат онлајн“ - наведе во постот на Фејсбук.

„Извинете поради денешниот прекин - знам колку многу се потпирате на нашите услуги за да останете поврзани со луѓето за кои се грижите“ - кажа Цукерберг, а пренесува Ndtv.com.

Извинување пристигна и од WhatsApp.

„Се извинуваме на сите кои не можеа денес да користат WhatsApp“ - наведоа на Твитер утрово.

„Почнуваме полека и внимателно да го враќаме WhatsApp. Ви благодариме многу за вашето трпение. Ќе продолжиме да ве известуваме кога ќе имаме повеќе информации за споделување“.

Порталот „Daundetektor“ кој ги следи известувањата за прекините на Интернет, соопшти дека оној на Фејсбук бил најголемиот што некогаш го виделе.


Можеби ќе ве интересира: