Ја дои 5-годишната ќерка и ја носи на маникир: Скандалозната Србинката повторно е критикувана зошто сега ја учи да „тверкува“
Коко Остин повторно се најде на мета на критиките, бидејќи својата 5-годишна ќерка ја учела да „тверкува“.
Коко Остин не престанува со скандалозното однесување.
Откако го шокираше светот со откритието дека уште ја дои својата 5-годишна ќерка, како и дека ја носи на маникир, сега отиде еден чекор понатаму.
Имено, таа нејзината ќерка ја научила да „тверкува“, нешто за што и нејзините најверни обожаватели ја осудија.
Сето ова се дозна откако нејзината ќерка се обидувала да научи на тоа својата баба Тина Остин.
фото: PRITNSCREEN/INSTAGRAM
Имено, таа на својата баба ѝ кажала да се наведне, а потоа да „мрда со задникот“, а кога ја прашале што прави, малата Шанел Никол во сега избришаното видео на Твитер кажа „дека ја учи да „тверкува“, исто како што правела нејзината мајка“.
фото: PRITNSCREEN/INSTAGRAM
Не е ни чудно што видеото е избришано, бидејќи под него се најдоа многу навредливи коментари.
„Ја учиш ќерка ти да биде проститутка“, „Како тоа ја доиш и ја учиш да „тверкува“. Дали сфаќаш колку е сето тоа погрешно“, „Само затоа што тебе ти оди од рака да измамиш старци, не значи дека и на твојата ќерка треба да ѝ посакуваш таков живот“, „Срамота! Ти си лоша мајка“, „Не е смешно Коко, не е смешно. Малечката копира сѐ што правиш ти“ - се само дел од коментарите кои можеа да се прочитаат.
Коко Остин всушност повеќе пати беше на мета на критиките токму од причини што пред ќерка си шетала со провокативна долна облека, а пред неколку години, јавноста ја осуди бдидејќи „тверкала“ пред Шанел кога имала само 4 месеци.
За потсетување, Коко која има српско потекло го шокираше светот со изјавата дека уште ја дои 5-годишната ќерка, а потоа ја однесе и на макир за да ѝ ги надоградат ноктите.
Сега е и повеќе од јасно дека скандалозната актерка нема намера да се смири и дека во иднина сигурно ќе покаже уште многу вакви примери.
фото: PRITNSCREEN/INSTAGRAM