Ја гледале со потсмев а ја нарекле и „La Patrona“: Зошто пријателите на Пике вака се однесувале кон Шакира?
Шакира наводно никогаш не се чувствувала пријатно во Барселона бидејќи таму нема пријатели. Нејзината најдобра пријателка е мајката на Пике, а ниту со неа сега не е во добри односи , изјави новинарката Лорена Васкез.
Пријателите на Жерар Пике (35) на Шакира (45) и дадоа потсмев прекар. Тие ја нарекоа пејачката „Ла Патрона“, односно „Шефот“, што наводно го опишува нејзиниот лик.
- Целото опкружување на Пике ја нарекуваше Шакира 'La Patrona' затоа што таа наводно немала многу добар однос кон нив - открила новинарката Лорена Васкез во емисијата 'Ya es mediodia'.
Таа додаде дека Шакира никогаш не се дружела премногу со пријателите на Пике и со сопругите на другите играчи на Барселона.
-Тоа им создаде проблем како двојка од почетокот - изјави Васкез.
Лорена раскажа и како пејачката никогаш не се чувствувала пријатно во Барселона бидејќи таму наводно нема пријатели.
Нејзината најдобра пријателка е мајката на Пике, а ниту со неа сега не е во добри односи , изјави новинарката Лорена Васкез.
Шакира и Пике се запознале во Мадрид во 2010 година кога таа дошла да го снима спотот за навивачката химна на Светското првенство „Вака Вака“. Занесниот Шпанец беше технички со топката и подоцна успеа да ја импресионира пејачката. Според странските медиуми, фудбалерот наводно рекол дека ќе се обиде да го освои Светското првенство само за да може повторно да ја види во финалето.