Ја има од пет години, во 2011 откри како ја заработила: Кајли Џенер ја покажа својата голема лузна

Ја има од пет години, во 2011 откри како ја заработила: Кајли Џенер ја покажа својата голема лузна

Објавена во: Совети // Семејство

Многу често сестрите Кардашијан - Џенер се однесуваат многу несигурно, а тоа се забележува во фотошопирањето на фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи. Сепак, Кајли Џенер сега ја направи спротивната работа, бидејќи ја покажа огромната лизна која ја има на нога. Младата ѕвезда истата ја доживува и позитивно, па дури и во својата објава ја нарече свој верен пријател.

Кајли ја зумираше лузната, која е прилично голема, и како коментар напиша: „Мојата лузна е моја верна пријателка, понекогаш заборавам на неа.“ Треба да се каже дека Кајли и претходно ја споменуваше својата лузна, па во 2015 година објави и фотографија на која пишува „Ја сакам својата лузна“. Она што го знаеме за лузната е дека Кајли ја заработила на само пет години, а уште во 2011 година откри како ја добила.

„Кога имав пет години, со сестра ми Кендал игравме криенка, а јас се криев во внатрешнота на многу високата порта. Откако сестра ми не ме најде, морав да се искачам над острата шипка што излегуваше од портата. Се лизнав и шипката ми влезе во ногата. Се обидов да ја извлечам, но таа ми ја откина целата нога“. Звучи страшно, па на крајот на краиштата, таа може да биде среќна што единствената последица е токму лузната што ја носи!

Кајли исто така беше расположена да му го покаже на светот своето богатство, па нè однесе со нејзиниот авион вреден над 60 милиони евра! Сепак, таа не леташе, туку уживаше додека јадеше јагоди со чоколадо во друштво на ќерката Сторми. Како што пишува Сан, Кајли знае дека ужива во луксузот и само за одржување на авионот секоја година дава солидна сума пари! Сепак, бидејќи нејзиниот бизнис оди одлично, тоа во моментот не и претставува проблем!


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: