Ја исфарба 5-годишната ќерка: Мајката ја откри причината за ваквиот чекор - коментарите се поделени (ВИДЕО)
Оваа жена смета дека е најкул на светот, како што самата се нарекува...
Оваа жена смета дека е најкул мајка на свеотт, како што самата се нарекува. Мајката Деми предизвика голема расправа на социјалните мрежи, откако сподели дека нејзината 5-годишна ќерка Мод, еден ден не била на училиште за да ја однесе во фризерски салон на фарбање.
Таа во видеото кое го сподели на социјалните мрежи откри дека Мод ја прашала дали може да ја осветли својата природна кафена коса, за подоцна да може да ја исфарба во розова. Деми веднаш се согласила и ѝ закажала термин кај фризерката.
Мод изгледа како да ужива во салонот, каде помагала во мешањето на бојата и уживала во грицките, додека нејзината коса ја впивала бојата.
Девојчето едвај чекало да го види својот нов изглед, а откако ѝ ја отстраниле фолијата од косата почнала да аплаудира.
„Многу се возбуди што видела колку е руса“ - објасни Деми, која тој ден одлучила да направи светли прамени, за да имаат слична фризура со ќерка ѝ.
Она што било изненадувачко е што коментарите во главно се позитивни, иако има и од оние кои пишуваат дека фарбата е полна со хемикалии и дека детето е уште мало за такво нешто.
„Ми се допаѓа ова! Чувствувам дека единствената креативна работа која родителите им ја дозволуваат на децата, кога е во прашање косата, е шишањето! Фарбањето е толку забавно! Косата расте“ - гласеше еден од коментарите.
Мајката наведе дека нејзината ќерка ги видела другарките кои имаат виолетова коса и дека сака иста. Објасни дека косата мора да биде многу посветла за да се дојде во виолетовата боја, па така првенствено се одлучиле да стане русокоса.
Коментарите се поделени, а што мислите вие?
фото: Принтскрин / Инстаграм