Ја купила на кредит: Вилата на Цеца во Кипар- па погледнете колку кредит ѝ требало
Пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ, покрај луксузниот дом во Белград, често престојува и во својата куќа на Кипар. Луксузната летна вила, која се простира на 400 метри квадратни во Аја Напи, Цеца ја зема во 2006 година на кредит.
Кога обврските ѝ дозволуваат, Цеца заминува во својата оаза, а со оглед на тоа што со години го посетува ова место, таа го засакала и менталитетот на тамошните жители и создала многу пријателства, додека нејзините деца, Вељко и Анастасија се школувале таму.
„Имам комшии кои се Иранци, Руси и Кипарци. Во Аја Напи е прекрасно летото, а многу ми е убаво да одам таму кога ќе залади во Србија. Драгоцен е мирот кој го имам во мојот втор дом“, изјави Цеца за српските медиуми.
Интересно е што во дворот постои капела која е осветена од свештениците на Српската православна црква.
Инаку, цените на недвижнините во ова летувалиште, во зависност од локацијата се движат од 150.000 евра за помали куќи, па се' до 2 милиони евра за најлуксузните вили. Цеца неодамна ја реновираше својата вила па се очекува да прикачи нови фотки од грандиозното здание.
Извор: Пинк.рс