Ја миеше косата со ладна вода две недели: Еве го нејзиниот заклучок

Ја миеше косата со ладна вода две недели: Еве го нејзиниот заклучок

Објавена во: Мода // Moj стил

Со цел да провери дали миењето на косата со ладна вода е добро за косата и ѝ дава сјај, една новинарка реши да го испроба овој метод

Познато е дека туширањето со ладна вода има бројни здравствени придобивки, а многумина веруваат дека позитивно влијае на изгледот на нашата коса.

За да го провери ова, новинарката Париса Хашемпур решила да направи експеримент миење на косата со ладна вода две недели.

„Мојата коса отсекогаш била малку крута и пргава, а сè уште се опоравува од белењето. Немав што да изгубам", открила таа за „Refinary29“.

На овој голем чекор ја доведоа, како што вели објавите на различни корисници на социјалните мрежи и нивните тврдења дека студената вода е еден од важните фактори за одржување на здрава коса.

Вистински предизвик

„Ако не сте навикнати да се туширате со ладна вода, ова може да биде вистински предизвик за вас. Затоа е важно вашата процедура да биде постепена.

Прилагодете ја температурата на водата на вашето тело и изложете се на ладна вода само онолку долго колку што можете да издржите“, вели таа.

Признала и дека ѝ недостигала мотивација да оди во тоалет, со оглед на тоа што знаела дека на крајот од напорниот ден нема да ја чека топла купка, туку ладен туш.


Зборови на експертите

Париса призна дека на почетокот била скептична за тврдењата дека миењето на косата со ладна вода ѝ дава сјај на косата. Затоа, како што вели, се обратила до експерти за обликување на косата.

„Измивањето со ладна вода помага во затворање на порите по миењето на косата и ѝ дава подобри шанси на вашата коса да остане сјајна и здрава“, истакнува Симон Томас и додава:

„Ја подобрува циркулацијата и чистотата на скалпот. Ладната вода ги затвора порите на врвот на косата, што го спречува навлегувањето на нечистотија и маснотии. Покрај тоа, може да го намали и опаѓањето на косата.

Од друга страна, топлата вода може дополнително да ги оштети ослабените корени на косата и може да поттикне појава на седа коса.“

Извор: najzena.rs

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: