Ја мразам, таа е најлоша мајка на светот: Шокантни пораки помеѓу синовите на Тања Савиќ и нивниот татко - ГО МОЛАТ ЗА ПОМОШ

Ја мразам, таа е најлоша мајка на светот: Шокантни пораки помеѓу синовите на Тања Савиќ и нивниот татко - ГО МОЛАТ ЗА ПОМОШ

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Тања Савиќ, по долгата борба за старателството над синовите ја доби битката и неодамна со нив дојде од Австралија во Србија. Момчињата го продолжија животот со мајка им во Смедерево, а српските медиуми објавија шокантни пораки помеѓу нејзините синови и нивниот татко Душан Јовановиќ, кој остана во Австралија без нив.

„Им забранила на децата да ми се јавуваат. Им купив нов телефон за во Србија, за да можат да ме побараат кога ќе сакаат, а таа им го изгасила и им забранила да ми се јават. Имам пораки од порано, децата се жалат на неа дека не им дозволува да ми се јават. Тажни се и несреќни покрај неа“ - тврди Душан, а пренесува „пинк.рс“.

„Не паметам кога се слушнавме. Не можам воопшто да дојдам до нив. Не знам каде да се пријави ова за помош. Сака ли некој да помогне за овој мој случај? Не дозволува децата да ме контактираат. Децата ме бараат, плачеа кога се слушнавме последниот пат. Им забранува на децата да плачат, им кажала дека ако плачат ќе им ја прекине врската. Ги малтретира децата, мора тоа да се пријави“ - додава поранешниот сопруг на пејачката.

Имено, горенаведениот портал дошол до неколку наводни пораки кои децата му ги испратиле на татко им.

„Тато могни ми, таа сака да знае што зборувам, толку сум лут“ - наводно пишува синот на Тања до својот татко.

„Навистина бев лут, мама ме удри. Тато, не можам да живеам овде, не ми се допаѓа градот и здодевно ми е. Сега ме казни и ми го зема iPad-от. Го мразам овој живот. Не можам да издржам, би скокнал од тераса, нема да го направам тоа, но така се чувствувам. Јадам со сила, бидејќи сум многу тажен“ - наводно додава синот на Таењ.

„Ја мразам, таа е најлоша мајка на светот. Не можам да живеам без тебе, тато“ - истакна синот на Тања.

„Мама вели „Татко ти е будала остави го.“ Тоа многу ме изнервира и растажи.“

„Ќе ве штитам како и секогаш. Мораш да ме браниш и не смееш да дозволиш било кој да каже нешто лошо за мене“ - му одговара Душан на синот.

„Им реков да замолчат. Во ред тато, може ли да те повикам сега“ - одговара наводно момчето.

„Не можам да живеам без тебе тато. Никогаш не сум плачел во животот. Многу сум тажен.“

„Многу сум лут, многу се нервирам и не можам да се контролирам. Преку глава ми е од неа, ме снима. Лоши луѓе има околу мене, плачам постојано. Ти си најдобриот татко на светот. Постојано замислувам како живеам со тебе, бев многу загрижен кога немавме интернет и не можевме да се слушаме со тебе. Те сакам“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: