Ја надмина славната мајка со својата убавина: Ќерката на Моника Белучи се прошета во фустан кој им го одзеде здивот на присутните на D&G ревијата
Дева Касел е ќерка на славните Моника Белучи и Винсент Касел, а сега го засени изгледот на нејзината мајка, и на ревијата на D&G создаде вистинска бајка во Сицилија.
Дева Касел одамна тргна по стапките на својата славна мајка, а убавината ја наследи од неа. Меѓутоа, сега таа ги воодушеви сите собрани на ревијата на Долче и Габана.
Познатите дизајнери ја претставија својата нова колекција и по тој повод собраа бројни светски ѕвезди. Целиот спектакл се одржа на Сицилија, а Дева Касел беше една од манекенките која прошета и ги остави сите без здив со фустанот што го носеше.
Дева имаше фустан од тантела на кој имаше корсет со посебни детали, а бидејќи материјалот е проѕирен, под тантелата носеше црна долна облека. Покрај нереалната креација што ја носеше манекенката, сите ја коментираа и неверојатната убавина на Дева, која е зачудувачка.
Оваа ревија беше круна на целокупната визија на познатите дизајнери, а ја краси, како и секогаш, раскош.
- Не е тоа само облека, тоа се два метра бисери, набори. Не е само фустан - тоа е начин на живот - изјави Долче пред почетокот на ревијата.
Оваа колекција е инспирирана од сицилијанките, а меѓу гостите беа Хелен Мирен, Шерон Стоун, Мараја Кери...
Да потсетиме, кога Дева првпат снимаше кампањи, ја поддржаа нејзините родители, кои потоа покажаа дека се во одлични односи по нивниот развод по 14 години брак. Дева има и помлада сестра Леони, а сестрите често поминуваат време заедно со нивниот татко и неговото ново семејство.
извор:GLOSSY