Ја нарекуваат божица: Најстарата ќерка на непрежалената спортска легенда израсна во убавица (ФОТО)
Најстарата ќерка на Коби Брајант израсна во вистинска убавица, а неодамна заплови во манекенските води...
Ќерката на покојниот кошаркар Коби Брајант, 19-годишната Натали Брајант, израсна во убавица која го украде целото внимание на оскаровската забава „Vanity Fair“.
Младата манекенка на настанот се појави во златно-црна комбинација во која е невозможно да остане незабележана, а погледите ги примамуваше и со храброто деколте.
Со својата убава ќерка на Инстаграм се пофали и гордата мајка Ванеса Брајант, која покрај нејзината фотографија напиша „златна божица“, а со неа се сложија и бројните следбеници.
„Преубава е“, „Таа изгледа совршено“, „Израсна во преубава девојка“, „Ќерка ти е најубава“, „Изгледа како божица“ - се само некои од коментарите на сметка на фотографиите кои Ванеса ги објави на Инстаграм.
Натали беше забележена од многумина и на последната „Met Gala“ поради блескавиот фустан кој го носеше, а од тогаш нејзиниот стил е под лупа на јавноста.
Инаку, Натали е најстара од четирите ќерки на Ванеса и Коби Брајант. Освен Натали и Џина, која почина заедно со татко ѝ во хеликоптерската несреќа во јануари 2020 година, двојката ги доби и Бијанка Бела, која има 5 години, а најмладата ќерка Капри е родена само половина година пред трагичната смрт на татко ѝ и сестра ѝ.
Натали кон крајот на јануари 2021 година наполни 18 години, а од тогаш само реди деловни успеси.
„Отсекогаш ме интересирала модата, уште како многу мала. Ги следам сите случувања во модната индустрија и откако паметам, сакав да бидам модел. Свесна сум дека имам многу што да научам, но чувствувам дека ова е совршена можност за мене да учам и да се искажам на најкреативниот можен начин“ - кажа неодамна убавата наследничка на Коби.
Натали се појави и на насловната страница на септемвриското издание на „Teen Vogue“ во 2021 година, а заедно со мајка ѝ Ванеса беа дел од кампањата на „Булгари“.
фото: Принтскрин / Инстаграм