Ја одбра омилената пејачка: Каролина Гочева ја одобри изведбата на Гиговска
Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска вчера своите обожаватели ги израдува со нов кавер. Станува збор за песната „Кој да ми запее“, која Антониа ја изнесе на маестрален начин.
„Ја одбрав мојата омилена Каролина Гочева“ - напиша младата пејачката, а до текстот додаде и емотикон срце.
Оваа изведба на Инстаграм ја сподели и Каролина која не користеше пофални зборови, туку тоа го направи со два емотикони - срциња и раце што даваат аплауз.
По ова нема сомнеж дека и Каролина ужива во изведбата на Антониа, па не би не изненадило доколку еден ден застанат и заедно ја испеат оваа песна.
За потсетување, ова не е првпат Антониа да пее песни од македонското девојче, бидејќи тоа го направи неколку пати додека се натпреваруваше во музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“.
Жирито остана без зборови: Антониа со „Ако згрешам нека изгорам“ ги освои сите присутни!