Ја расплака: Татко за за својата ќерка организираше свечено доделување на дипломи

Ја расплака: Татко за за својата ќерка организираше свечено доделување на дипломи

Објавена во: Совети // Семејство

Пандемијата на коронавирус ги промени плановите на луѓето во многу сегменти, а помеѓу тие планови се свечените манифестации за доделување на универзитетските, но и дипломите за завршено средно образование.

Секако, многу студенти и матуранти поради откажувањето на важните настани и церемонии, доделувањето на дипломи и матурските забави, чувствуваат како да пропуштиле еден од најважните моменти во животот. Но, еден татко се погри неговата ќерка да не се чувствува така, пишува BoredPanda.

Габриел е студентка на Универзитетот Xavier, која неодамна требаше да прими дипломата за завршени студии на медицина, отсек биологија, но со оглед на ситуацијата во светот, тој момомент никако не можела да го доживее на стариот класичен начин.

„Кога дознав дека моето доделување на диплома воопшто нема да се одржат, најпрво бев вознемирена. Плачев. Ми требаше околу една недела да престанам да плачам.“ - признава таа.

За да ја расположи својата ќерка и да и овозможи свечено доделување на дипломата, какво што заслужува, нејзинипт татко целата церемонија ја организирал во нивниот двор пред семејната ќука.

Нема зборови со кои би се опишал ваквиот гест, кој воедно ја воодушеви и расплака Габриел. И оваа приказна уште еднаш покажа дека љубовта на родителите кон нивните деца нема граници.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: