ЈА СИЛУВАЛ 8 ЧАСА, А ПОТОА ЈА ПОЛИЛ СО КИСЕЛИНА: До тој ден имала сѐ, а од тогаш мака, болка и 400 операции

ЈА СИЛУВАЛ 8 ЧАСА, А ПОТОА ЈА ПОЛИЛ СО КИСЕЛИНА: До тој ден имала сѐ, а од тогаш мака, болка и 400 операции

Објавена во: Живот // Живот

Хоророт кој оваа жена го преживеала не би го посакале ниту на најголемиот непријател...

Кејти Пајпер била Мисица и манекенка на врвот од својата кариера кога нејзиното момче изнајмил професионалец да ја полие со киселина. Денес гласно зборува за она што го доживеала за да им помогне на жените кои биле жртви на некој вид насилство.

Таа 2008 година, Кејти имала сѐ за што сонувала - била на врвот на кариерата, ја освоила титулата Мис на Винчестер, работела како водителка и манекенка, заработувала огромна сума на пари, а потоа, во еден момент, сѐ ѝ одземал оној на кој му верувала најмногу.

Нејзиното тогашно момче, Даниел Линч, во налет на љубомора изнајмил професионалец кој на Кејти ѝ истурил киселина, а по овој монструозен чин, кожата на лицето ѝ била потполно истпена, коските ѝ биле оштетени, го изгубила видот на едното око, а повредени ѝ биле и делови од рацете.

Меѓутоа, тоа не било сѐ. Даниел пред морничавиот настан ја силувал и злоставувал дури 8 каса. Киселината била само „крај на неговата одмазда“.

Колку нападот бил брутален, сведочи и видеото кое и ден - денес може да се најде на Јутјуб.

Напаѓачот мирно одел по улица, сѐ додека не ја пресретнал Кејти, а потоа ѝ истурил киселина. Девојката во агонија влетала во првото кафуле каде гостите ѝ помогнале.

Повредите биле морничави, а фотографиите направени по околу една година од инцидентот кои може да се видат во продолжение, сведочат за тоа во каква состојба била Пајпер.

До денес имала околу 400 операции, а последната во низата, трансплатацијата на кожа на десниот капак е направена неодамна. За среќа, успешно.

Кејти уште еднаш докажа дека е роден борец и дека нејзиниот живот само што почнува.

Две години по стравичниот инцидент за првпат сфатила дека мора да стане и да проговори. По криењето од луѓето и паничниот страв од мажи, сфатила дека мора да ја врати контролата, а еден од начините бил јавно да проговори за сето тоа и на тој начин да им помогне на другите жени кои преживеале некој облик на насилство.

„Се сеќавам на времето кога не сакав да видам некој, ниту сакав некој да ме види мене. Се сеќавам колку се плашев од луѓето, особено од мажите. Се плашев од целито свет. Се сеќавам дека тогаш разговорот за оваа траума беше невозможна мисија“ - зборуваше таа своевремено.

Во справувањето со ова ѝ помогнала и полицијата која успеала да го лоција нејзиното момче по нападот, а потоа и да биде осуден на доживотен затвор.

Денес, Кејти е инфлуенсер, радио водител и ТВ лице, и своите платформи ги користи за да им помогне на сите кои им се случило нешто слично. Поради својот позитивен став, ги освои срцата на луѓето ширум свеотт. За своето трагично искуство напиша и три книги, а во 2011 година беше прогласена за жена на годината.

Исто така, убавица пронајде среќа и во љубовта.

Иако мислела дека никогаш повеќе нема да може да му верува на некој маж, Ричард Џејмс Сатон бил упорен во тоа да ја освои, а двојката на тајна венчавка го кажала судбоносното „да“ во декември 2017 година.

Во меѓувреме добиле и две дена, две ќерки Бел Елизабет и Пенелопе Дијана, а како што вели, кога ќе бидат доволно големи, ќе им ја раскаже целата приказна.

Досега имала околу 400 интервенции, од кои оклку 250 биле операции, а денес, слободно може да се каже дека изгледа неверојатно.


фото: Printscreen

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: