Ја видел својата фотографија на Интернет: Потоа ја открил семејната тајна (ВИДЕО)

Ја видел својата фотографија на Интернет: Потоа ја открил семејната тајна (ВИДЕО)

Објавена во: Живот // Живот

Видел фотографија од себе како дете на Интернет, а подоцна открил голема семејна тајна. Некои работи за неговото минато едноставно не се поклопувале.

Поголемиот дел од нас сигурно се обидувале своето име да го пронајдат на Интернет и да видат кои податоци се достапни на јавноста. Но, понекогаш невината потрага може да доведе до откривање на големи тајни.

Таков бил случајот и со Стив Картер. Тој знаел дека е посвоен од сиропиталиште во Хонолулу кога имал 4 години. Но, како и повеќе посвени деца, и Стив сакал да ги најде своите биолошки родители.

Успеал да пронајде фотографија од себе како бебе, но местото на кое ја пронашол го оставило без зборови. Неговата фотографија била една од многуте фотографии на страницата на која биле објавени исчезнатите и искористени деца.

Стив бил среќен од тоа како животот му испаднал. Израснал во добро семејство, бил среќен, оженет и самиот имал деца. Но, воедно бил многу љубопитен за своето потекло. Тој прочитал статија за една жена од Атланта која дошла до вистината за своето потекло на необичен начин. Благодарение на нејзината фотографија како бебе, Карлина Вајт открила дека била украдена од болница во Харлем како новороденче.

Стив исто така имал некои нејаснотии во врска со своето потекло. Не покажувал со прст кон родителите кои го посвоиле затоа што сето тоа го направиле законски и оделе на вистинскиот пат до посвојување. Но, тој се посомневал во начинот на кој стигнал до сиропиталиштето од кое бил посвоен.

Некои работи не се поклопувале. Неговиот извод на родени издаден е дури една година по неговото раѓање. Воедно пишувало дека има крв од Хаваите што било тешко да се поверува, бидејќи имал изразена светла коса и сини очи.

Стив тогаш одлучил да ја прегледа страницата за исчезнати и искористени деца. Не ја препознал фотографијата од себе како бебе, но кога ја вклучил програмата која ги прикажува како би изгледале бебињата од фотографиите како повозрасни, веднаш се препознал. 

Стив веднаш ја контактирал полицијата во Хонолулу и побарал ДНК тестирање. Кога стигнале резултатите, вистината за неговото семејство излегла на виделина, но воедно разбудила уште една мистерија која можеби никогаш нема да биде решена.

Погледнете го видеото во продолжение за да дознаете што точно открил Стив:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: