ЈА ВИКАА “КРАЛИЦА НА ТАГАТА“: Еве кој бил со бразилската пејачка во авионот кој се урна (ФОТО)
Марилија Мендонка (26), една од најпопуларните бразилски пејачки, загина во авионска несреќа, соопштија официјални лица.
Уште четири лица, нејзиниот вујко, продуцент и двајца членови на екипажот, исто така загинаа во несреќа што се случи во рурална област во државата Минас Жераис во југоисточен Бразил.
Покрената е истрага за утврдување на причините за несреќата.
Informação preliminar do Corpo de Bombeiros é de que a aeronave tinha duas pessoas a bordo, o piloto e um passageiro, e que não houve vítimas fatais https://t.co/Oks8JLWK7T #g1 #acidente #MinasGerais pic.twitter.com/ToOIXVEjNE
— g1 (@g1) November 5, 2021
Мендонка, добитничката на латино Греми во 2019 година, стана позната по темите во нејзините песни, кои особено се однесуваат на жените и нивните неуспешни врски.
Мендонка ја започна својата кариера како тинејџерка, а стана национална ѕвезда во 2016 година со хит за неверство. Таа во Бразил е позната како „Кралица на тагата“, пишува Би-Би-Си.
Зад себе остави двегодишен син.