Ја враќа вербата во животот и институциите: Ова е инспекторката на која Милена Радуловиќ јавно ѝ се заблагодари

Ја враќа вербата во животот и институциите: Ова е инспекторката на која Милена Радуловиќ јавно ѝ се заблагодари

Објавена во: Живот // Живот

Актерката не ја криеше благодарноста...

По јавното признание дека е жртва на силување на актерот Мирослав Мика Алексиќ, актерката Милена Радуловиќ даде изјава во полиција. Инспекторката Весна Гашиќ Стојковиќ и ја врати вербата во институцијата и животот и ѝ се заблагодари јавно преку социјалната мрежа Инстаграм.

„Лицето кое ја враќа вербата во животот и институциите е инспекторката Весна Гашиќ Стојковиќ. Кога ќе ја видите, го знаете тоа дека #нисима! Капа доле за оваа неверојатна жена и нејзиниот професионален пристап! Инспекторка Весна Гашиќ Стојковиќ! Не заборавајте на ова име. Не само затоа што може да ви помогне, туку затоа што таквите луѓе ја менуваат Србија на подобро. Ако сте доживеале нешто слично или познавате некој на кој му е потребна помош, еве кој ќе ви помогне! Ви благодарам Весна!!! ПС: Споделувајте, ако не ти е тешко! Би сакала порано да наидев на Весна“ - напиша Милена во објава на Инстаграм.





















Весна Гашиќ Стојковиќ стана позната на јавноста по документарниот филм „Бука и бес“, кој се занимаваше со проблемот малолетничка деликвенција, пренесоа српските медиуми.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: