Ја задевале поради косата: По 15 години одлучила да ги земе работите во свои раце
Косата почнала да ѝ побелува на 16 години, а соучениците кон неа биле сурови...
Поради острите досетки и потсмевот, Шенин Пирс со години трошела по стотици фунти на фарбање на косата, но сега ги сака своите сребрени влакна и ги поттикнува и другите жени да се прифатат.
„Одлуката да престанам да ја фарбам косата беше најдобрата одлука во мојот живот“ - нагласи таа.
Кога Шенин ги открила првите седи влакна на својата глава на 16 години, била шокирана. Како што нагласува, ова е „последното нешто што една млада девојка би можела да го посака“.
Нејзините соученици веднаш ѝ ги забележиле. Малтретирањето и навредувувањето станале нејзино секојдневие.
„Слушав дека сум грда, изгледам старо, дека веднаш треба нешто да направам по тоа прашање“ - ги открива некои од коментарите кои ги добивала.
За да ги избегне, набрзо почнала да се фарба. Го посетувала својот локален фризер на секои 6 недели, оставајќи му по 130 фунти.
Пирс објаснува дека тогаш можела да даде повеќе пари, за да не се издвојат помеѓу врсниците или за да не изгледа „старо“. Континуираното фарбање траело цели 15 години.
Промената ја направила на нејзиниот 30-ти роденден. Шенин тогаш одлучила да се откаже од фарбањето и наместо тоа да се погрижи за правилна нега на својата седа коса.
„Не беше лесно. Луѓето тешко се воздржуваат од коментари, слушнав коментари дека сум се откажала, имаше и такви дека тоа било навестува на мрзеливост или занемарување“ - се присетува таа.
Брзо престанала да им дава важност на коментарите, кога забележала колку косата ѝ поздрава.
„Искрено сега имам најдобра коса во животот. Никогаш не сум добила повеќе комплименти од сега кога сум седа. Мазна е, лесна и убава на допир“ - вели Шенин.
Со тоа, нагласува таа, заштедила цело „богатство“ поради тоа што не посетува често фризерски салони.
„Сега штедам многу пари и му благодарам на Бог, бидејќи имам две деца“ - вели таа.
Шенин се надевам дека нејзиниот случај ќе инспирира повеќе повеќе девојки и жени да ги засакаат своите природни особини.
фото: Принтскрин / Инстаграм