ЈАНА, првата македонска јутјуберка, го скрши мразот!
ЈАНА е првата македонска јутјуберка која го скрши мразот и започна да ги снима на македонски јазик своите авантури за целиот свет.
Станува збор за најновиот анимиран филм за деца ЈАНА во кој девојчето Јана раскажува за своите необични авантури во Волшебната книжарница, ги носи своите најмлади гледачи во волшебниот свет на книгите и им ја развива љубовта кон читањето.
„Здраво, другарчиња! Јас сум Јана! Претплатете се на мојот јутјуб-канал. Бесплатно е! :) Гледајте ги моите видеа, читајте ги моите сликовници и бидете дел од моите неверојатни авантури во Волшебната книжарница“, стои на најновиот јутјуб-канал.
Веднаш по објавувањето на првата епизода се редат неверојатен број прегледи, а поддршка на новата јутјуберка дадоа и нашите најголеми јутјуб-ѕвезди, GP и STEFFONATOR. „Конечно македонска јутјуберка! Мразот е скршен! Браво за Просветно дело за овој прекрасен проект за деца“, изјавија јутјуберите.
Од издавачката куќа Просветно дело, која го лансираше овој најнов проект, изјавија: „Се обидуваме да понудиме најнови решенија за најмладите кои ќе претставуваат мотивација и поттик за читање. Оттука, ја создадовме јутјуберката Јана која ги снима своите авантури на својот јутјуб-канал и ги прераскажува во своите книги така што најмладите ќе можат и да ги гледаат нејзините епизоди и да ги читаат нејзините книги.“