Јас немам право да го задржувам сопругот покрај себе: Гоца Тржан по петтото неуспешно ин-витро

Јас немам право да го задржувам сопругот покрај себе: Гоца Тржан по петтото неуспешно ин-витро

Објавена во: Живот // Живот

Паровите како нас чувствуваат болка до крајот на животот - вели Гоца Тржан по петтото неуспешно ин-витро. 

Пејачката отворено зборуваше за борбата за потомство.

Гоца Тржан и Раша Новаковиќ се седум години во брак, а долги години се обидуваат да се реализираат како родители.

За да остане бремена, Гоца мина низ многу тешки моменти, а нејзиниот сопруг отсекогаш ѝ бил најголема поддршка.

„Мислам дека паровите кои навистина сакаат дете и се трудат да имаат деца, а не можат да имаат, чувствуваат болка до крајот на животот. Тешко е да се помириме со тоа и воопшто не сум сигурна дали на мажите или на жените им е потешко“, рече Гоца и вели дека смета дека нема право да го држи сопругот покрај себе.

„Морав да бидам подготвена еден ден да ми каже, како на жена која е 14 години постара од партнерот: „Слушај, јас веќе сакам да имам дете, а ти веќе ја премина границата и не можеш природно да забремениш.“ 
Јас немам право да го задржувам тој човек покрај себе“ - искрена  е пејачката во интервју за „Ми данас“.

Поп ѕвездата истакна дека борбата за потомство и ја зацврстила љубовта со сопругот.

„Тој е мој и јас сум негова поддршка. Знаете, кога ќе се случи ин витро оплодување и кога ќе се случи „неуспех“ во тој процес, секој пат ми вели дека му е многу тешко затоа што не може да понесе ниту еден дел од мојот товар. Сепак на жените паѓа товарот.. Жените добиваат стимулација, жените поминуваат низ хормонални бури... Ментално е многу тешко за нас. Хемијата и биохемијата функционираат така што ве прават толку напнати… Тоа е како ПМС по 100! И тоа трае, на пример, од почетокот на стимулацијата до почетокот на зачнувањето или до моментот кога ќе дознаете дека не сте бремена“, изјави пејачката.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: