Јелена и Душко во Истанбул, а ќерка им ужива на Златибор: Атина воодушеви со новата фотка
Фотографијата собра повеќе од 23.000 лајкови, а гордиот татко ѝ остави коментар...
Јелена Карлеуша веќе неколку дена е во Истанбул, кај сопругот Душко Тошиќ, кој од неодамна е повторно во споменатиот град, со оглед на тоа дека потпиша договор со клубот Касимпаша.
Додека родителите уживаат во Турција, нивната наследничка Атина Тошиќ е на Златибор, од каде што сподели неодолива фотографија.
„Зимска магија“ - напиша Атина во описот на фотографијата.
Истата собра повеќе од 23.000 лајкови, а гордиот татко во коментар ѝ остави емотикон срце.
Да потсетиме, Атина е најследена помеѓу децата на познатите личности, кои се уште немаат 18 години.